Проекција на „Крадци на велосипеди“ – Контра Кадар на отворено во Скопје

Летните проекции на Контра Кадар Скопје продолжуваат на отворено, со прикажување на филмот „Крадци на велосипеди (Bicycle thieves)“ во вторник на 12 јули.

Bicycle thieves (1948) на Виторио де Сика е еден од најсјајните примери на италијанскиот неореализам. Самиот филмски правец е одраз на една општествена реалност по завршетокот на втората светска војна и на бедата и мизеријата во која живее народот, и се труди да го прикаже секојдневието на обичниот човек и проблемите со кои се соочува. Филмот ја раскажува приказната за еден работник кој го бара својот украден велосипед, од што му зависи работата која толку тешко ја добил, а со тоа и егзистенцијата.

Филмот отвара прашања за состојбата до која што е доведен човекот во време на општествена криза. По филмот следи отворена дискусија.

Проекцијата е најавена во 20 часот, (МАПА) , во дворот на ул.Рајко Жинзифов бр.22 , спроти Градежен факултет.