Проекција на документарецот „Сино срце“ на Школка во парк

*Проекцијата на филмот поради временските услови е преместена во Кино Култура

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест и Еколошкото здружение на граѓани ФРОНТ 21/42 организираат проекција н на документарниот филм „Сино срце“, во сабота (5 мај) пред Школката во градскиот парк во Скопје.

Проекцијата на филмот кој е дел од кампањата „Спаси го синото срце на Европа“ е најавена во 19 часот. Со неа се отвора и националната петиција за воспоставување на зони за заштита на реките во Македонија.

„Свесноста за овој проблем треба да се подигне за да се зачуваат последните чисти и значајни реки во регионот. Токму затоа, би сакале да ги поканиме сите граѓани да ни помогнат во напорите за заштита на овие значајни природни богатства, да ја потпишеме петицијата „Зелени зони за Сини реки“ во што поголем број и гласно да кажеме НЕ за уништувањето на најскапоцениот природен ресурс“, вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест.

Филмот „Сино срце“ зборува за борбата да се зачува Балканскиот рис во Македонија, за напорите за спас на реката Вјоса во Албанија, за жените од селото Крушцица во Босна и Херцеговина кои деноноќно чуваат стража на мостот над реката Крушцица за да ја спречат изградбата на нова хидроелектрана.

„Се надеваме дека овој филм ќе го привлече вниманието на меѓународната заедница кон локалните заедници кои се борат да ги заштитат слободните реки од кои зависат и ќе ги едуцира луѓето за тоа зошто хидроенергетските брани се стара, нечиста технологија”. Верувам дека овие диви места бараат и заслужуваат заштита. Да ги уништиме, особено за застарена и скапа технологија е едноставно фрлање на пари.”, вели Ивон Шуинард, основач на „Патагонија”

Во рамки на настанот е предвиден и мини концерт како и можност за дебата на оваа тема.

Влезот е бесплатен.