Притворени двајца активисти за независност на Каталонија

Шпанскиот суд донесе одлука за притвор на двајца клучни членови на движењето за независност на Каталонија.

Жорди Санчез и Жорди Кјуксарт, кои водат истакнати сепаратистички групи, се притворени без кауција додека се под истрага за побуна.

Мажите беа водечки личности на изборите на 1-ви октомври, што владата во Мадрид смета дека се незаконски.

Нивниот притвор доведе до протест во текот на ноќта, а денес се очекуваат повеќе во Каталонија.

Санчез, кој го предводи Националното собрание на Каталонија, организација која се залага за независност, и Кјуксарт, лидер на културата Омниум, се појави пред Високиот суд во Мадрид вчера.

Тие беа на распит поради протестот на 20-ти септември, во кој толпата ги блокираше офицерите на цивилната стража во зградата во Барселона, регионалниот главен град на Каталонија.

По референдумот, каталонскиот водач Карлос Пуидемон потпиша декларација за независност, но ја прекина неговата имплементација за да дозволи преговори.

Тој повика на разговор во текот на следните два месеци.

Сепак, шпанската влада предупреди дека Каталонија мора да ја повлече декларацијата или да се соочи со директното владеење од Мадрид.

Пуидемон, исто така, го разлути Мадрид, одбивајќи да појасни дали минатата недела прогласил независност или не.

„Шпанија ги затвора лидерите на граѓанското општество во Каталонија за организирање мирни демонстрации. За жал, повторно имаме политичките затвореници”, напиша тој на Твитер.

Во видеозаписот снимен пред неговото појавување во суд, објавена на неговиот профил на Твитер по неговото притворање, Кјуксарт им порачива на активистите „никогаш да не губат надеж, бидејќи луѓето од Каталонија ја заслужија својата иднина”.

Поддржувачите на независноста повикаа на понатамошни протести, барајќи ослободување на активистите.

Само неколку часа пред пресудата, Високиот суд го ослободи шефот на полициските сили на Каталонија, Хозеп Луис Траперо.

Неговата груга, Мосос д’Есквадра, е обвинета дека не успеала да и помогне на шпанската граѓанска полиција Гвардија да се справи со илјадници демонстранти за независност во Барселона за време на предвремениот референдум.

Обвинителите побараа тој да биде задржан во притвор.