„Прилагодувања“, изложба на младиот Никола Колев во Јавна соба

Прилагодувања /Аdjustments се компјутерски алатки кои младиот автор Никола Колев ги користи при изработка на своите слики. Прилагодување кон општеството е предизвик со кој Никола, како и останатите лица со Даунов синдром, секојдневно се соочува.

Изложбата на неговите дела ќе биде отворена на 2 март, со почеток во 20 часот, во Јавна соба.

Изложбата е продажна, а нејзината цел е да ја промовира идејата за заработка од сопствениот труд кај лицата со попреченост, да го стимулира креативното изразување,како и да поттикне иницијативи за инклузивен дизајн и соработка со професионалци во оваа област (графички, модни, индустриски дизајнери, инженери, архитекти).

„Прилагодување на општеството за да се овозможи инклузија лицата со попреченост и подигнување на свеста за нивните способности е нешто кон што треба да се стремиме“, се наведува во најавата за изложбата.