Претставата за деца „Поштенска бајка“ вечерва дел од „Скопско лето 2018“

Во Драмскиот театарски центар вечерва во 19 часот ќе се одигра премиерата на театарската претстава за деца „Поштенска бајка“ според Карел Чапек.

Како што најавуваат организаторите, “Поштенска бајка” ќе ни овозможи преку сказната и акумулираната театарска традиција да се смееме на човечките грешки и да раскажеме за вистинско пријателство и љубов помеѓу двајца луѓе.

Претставата е во продукција на Театарот за деца – Чаир, а во неа играат Деа Пајазити, Флакрон Алии, Елдин Широки, Ментор Курти. Претставата е режирана и адаптирана од Катја Петрова, Енес Деари е дизајнерот на куклите, додека Деари и Крсте С.Џидров се задолжени и за сценографијата. Музиката е на Светозар Георгиев.

Претставата е на албански јазик со титлуван превод на македонски јазик. Предвидена е за деца над пет години, а влезот за посетителите е слободен.