Премиера на претставата „Физика на тагата“ во Кумановскиот театар

Кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Физика на тагата“ во петок на 6 јули со почеток во 20 часот. Претставата е работена според романот на Георги Господинов, во режија на Милош Б. Андоновски, драматизацијата на Ивана Нелковска.

Во претставата играат Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Јасмина Василева, Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ, Нина Максимова и Симона Димковска.

Како што појаснува режисерот Андоновски, за него било предизивик да се работи на овој текст со актери од  различни генерации. Според него, претставата ќе предизвика реакција кај публиката и ќе порачаат дека сочуството ќе го спаси светот.

По премиерната изведба, за која билетите веќе се распродадени, „Физика на тагата“ ќе биде изведена и наредните три дена, односно на 7-ми, 8-ми и 9 јули, со почеток во 20 часот.