Повик за учесници на работилницата „Солидарни млади во време на кризи и непогоди“

Ако си брз, ефикасен и чувствуваш обврска да помогнеш во кризни ситуации, но и се грижиш за својата заедница, постои опција за учество на работилница за волонтери во Хрватска. Таму учесниците ќе имаат можност да научат како најдобро да се справуваат со елементарни непогоди, како да се организираат и како да станат што повеќе солидарни.

Македонија и Хрватска се земји со долга историја со кризни ситуации, на кои влијаел не само човечкиот фактор (политички и социјални проблеми, вооружени конфликти), но и природните катастрофи (земјотреси, поплави, пожари). Несомнено, истото го покажуваат поплавите во Скопје (2016 г.) и Хрватска (2014г.), но и бегалската криза, оставајќи зад себе 30 жртви и повеќе од 300 лица повредени.

Во рамки на проектот, учесниците ќе можат да патуваат во Загреб и Нова Градишка, во период од 30 мај 2018 до 1 јуни 2018 година. Во активностите ќе бидат вклучени повеќе од 50 луѓе од различни генерации: млади и повозрасни, ученици, млади професионалци, волонтери и претставници на општините, затоа очекувај одлична дружба и многу нови знаења. Покриени ќе бидат патните трошоци, сместување и два полни пансиона. Трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците.

Идеалниот/та кандидат/ка треба да ги исполнува следните услови:

  • Да биде на возраст од 18 – 35 години;
  • Да има претходно учество во волонтерски активности, особено при природни непогоди;
  • Искуство во граѓанско движење, невладина организација или иницијатива –  ќе се смета за предност.

Што добиваш како волонтер?

  • Нови идеи како подобро да се снајдеш и помогнеш во време на природни катастрофи;
  • Нови начини како да помогнеш во случај на кризни ситуации поттикнати од политички и социјални проблеми, вооружени конфликти;
  • Размена на контакти со други волонтери од Хрватска и Македонија и зголемување на кругот на пријатели;
  • Размена на контакти со општински работници од општините „Гази Баба” и „Нова Градишка”.

КАКО ДА АПЛИЦИРАШ?

Аплицирај со испраќање на документите на recruitments@mladiinfo.eu со назнака: „Волонтер: Солидарни млади во време на кризи и природни непогоди”.

  • Кратко CV;
  • Кратко мотивациско писмо, до 300 зборови во кое ќе ги наведеш твоите претходни волонтерски искуства и причината зошто сакаш да учествуваш во овој проект.

Рокот за пријавување е до понеделник, 14 мај 2018. Сите прашања може да се постават на: recruitments@mladiinfo.eu. Проектот е поддржан од програмата Европа за граѓаните.