Повеќе од 500 луѓе од целиот свет заедно ќе го читаат Чехов

Учесници од различни држави ќе се здружат за да прочитаат педесетина дела на руски јазик од писателот Антон Чехов во рамките на драматизираното онлајн читање на Google, наречено „Чехов е жив”, кое ќе се одржи на 25 септември.

Повеќе од 500 лица, вклучувајќи актери, музичари, политичари и спортисти ќе учествуваат во драматизираниот читачки маратон. Организаторите на проектот Google, Московскиот уметнички театар Чехов и Руската книжевна унија селектираа околу 50 негови дела. Читањето на 25 септември ќе се случува на различни места низ светот, од Харвард, Хонг Конг, па се до островот Сахалин. Непрекинатиот онлајн пренос ќе трае околу 24 часа. Проектот е дел од годишната литературна програма на Русија. Тој исто така се поклопува со годишнината од чеховото раѓање, пред 155 години.

„ Често се зборува дека луѓе читаат се помалку и дека не се бара литературата“, вели Олег Новиков, заменик-претседател на Руската книжевна унија. „[Но] новата технологија ни овозможува да се најдат нови формати за популаризација на литературата и читањето, додава тој“.

Лани беше промовиран и проектот Ана Каренина. За првпат во светот повеќе од 700 лица ја читаа познатата новела во живо на Google+ и YouTube.

„Луѓето поминуваат многу време на интернет овие денови, особено помладата генерација”, објаснува Дмитриј Кузнецов, маркетинг директор на Google Русија.

„Со овој проект сакавме да покажеме дека интернетот не е само куп избрани информации, тое место каде може да се вклучите во нешто навистина важни, релевантни, извонредни проекти вклучувајќи ги и оние фокусирани на читањето“.

Тој додаде дека проектот го добил овој наслов, бидејќи организаторите веруваат дека Чехов никогаш не ја губи сојата важност. Според Кузнецов, организаторите во голема мера се инспирани од проектот Ана Каренина, но новиот проект ќе биде малку поинаков. Според него, форматот на новата акција е диктиран од страна на силната  „природа на делата на Чехов”.

За да се учествува во читачкиот проект треба да направи тест кој открива кој од ликовите на Чехов најдобро ве опишува, да се сними извадок од неговите дела и испрати преку интернет. Апликациите за учество ќе се примаат до 10 август.