Pokѐmon Go треска – играта со „аугментирана реалност“ за кратко стана феномен

Минатата недела Nintendo и Pokѐmon ја лансираа Pokѐmon Go, игра за Android и iPhone направена според оригиналната франшиза, во која играчите фаќаат и тренираат суштества наречени Покемони.

Она што ја прави новата игра посебна е нејзината употреба на „аугментирана“ (зголемена) реалност – Покемоните се појавуваат како да постојат во реалниот свет. Играта има мапа која функционира со GPS систем, и користејќи реални локации покажува каде има Покемони и предмети кои играчот треба да ги најде и фати. Кога играчот ќе најде Покемон, се отвора камерата на смартфонот и фрла „Поке топка“ за да го фати.

Засега играта е достапна во САД, Јапонија, Нов Зеланд, Австралија и делумно во Велика Британија.

Освен собирањето на Покемони, новата игра има и Pokѐ Stops (Поке станици) на реални локации, каде играчите можат да купуваат и собираат потребни предмети. Може да биде продавница, споменик, па дури и патоказ. Кога Покемоните ќе поминаат низ тренингот, играчите ги носат во сали за да се борат со други Покемони.

Според искуството на играчите на Pokѐmon Go изминатиов викенд во САД, еве неколку нешта кои ги научивме за играта, пишува USA Today.

Играчите се во движење цело време

Бидејќи мобилната игра бара од играчите да бараат Покемони во блиските паркови или соседства, тие постојано пешачат или трчаат.

„Ова е прв пат да излезам и да пешачам со часови после долго време“, вели Џошуа Логрен, 16, кој ја поминал неделата во трговски центар во Далас ловејќи Покемони.

Има Покемони насекаде

Бањите се популарно место за „да ги фатиш сите“. Исто така, Покемоните сакаат да одат во клубови. Дури и во стриптиз клубови.

Луѓето изгледаат многу чудно за другите додека бараат Покемони

Бидејќи има Poke Stops во трговски центри и прометни места, играчите шетаат наоколу барајќи ја бараат точната локација со GPS. Бидејќи случајните минувачи не знаат што се случува, за нив глетката е веројатно чудна.

Има многу интересни Поке станици и сали

Црквите се многу популарни места, од некоја причина. Исто така и трговските центри. Има и неколку куќи кои се комплетно поврзани за Покемон универзумот.

Но, има и чудни места: напуштен хот-дог штанд, статуа со име „St. That Guy“ и Disco Bro.

Фаќањето на Покемони може да биде малку опасно

Според телевизијата KTRK во Вајоминг, Шајла Вигинс открила мртво тело во река додека барала Покемони.

Во меѓувреме, во Мисури, четири тинејџери беа уапсени поради наводно искористување на Поке станиците за да ги ограбуваат играчите.

Истовремено, ако Поке станицата е близу до полициска станица, играчите се советуваат да бидат претпазливи.

„Видовме луѓе кои ја играат играта зад станицата, во темнина, како скокаат од грмушките“, пишува на Фејсбук профилот на полициската станица во Дувал, Вашингтон.

Акциите на Nintendo скокнаа со вртоглава брзина

Преку викендот, пазарот на акции на Nintendo порасналза осум милијарди, со една третина од таа сума заработена само до петокот наутро. Pokemon Go е најпреземана апликација на iTunes App Store во земјите каде е достапна.