[Подкаст] Во „кујната“ на дезинформациите

Од случаи поврзани со исчезнати луѓе, преку Преспанскиот договор, до новата криза со коронавирусот, кампањите со дезинформации се шират со многу поголема брзина од разоткривањето на овие лаги и манипулации.

Од мали наведувања за тоа дали да користите одреден производ или не, преку нестручни здравствени совети кои можат да загрозат нечиј живот, до тоа како да гласате на избори. Дезинформациите влијаат на различни начини.

Но, кому му служат овие кампањи? Која е нивната цел? Како општеството може да се справи со масовното ширење на овие содржини преку социјалните мрежи? Во првиот подкаст од серијалот #ДаСеКликнеИлиНе пренесуваме дел од ставовите на домашни и странски експерти кои неодамна во Скопје дискутираа токму на овие прашања.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.