Починати се 19 лицa и регистрирани 541 нови случаи на Ковид 19 во последното деноноќие

Денеска се регистрирани 541 нови случаи на Ковид 19, а починати се 19 лицa.
Во последните 24 часа се направени 2.789 тестирања, а регистриран е 541 нов случај на КОВИД-19 во: Скопје – 290, Прилеп – 43, Тетово – 22, Охрид – 21, Гостивар – 19, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 16, Велес – 15, Штип и Струмица – по 13, Ресен – 12, Неготино – 10, Куманово – 7, Богданци – 5, Кочани и Свети Николе – по 4, Струга, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Валандово и Пехчево – по 2, Кичево и Радовиш – по 1.
Пријавени се вкупно 19 починати лица, на возраст од 55 – 89 години и тоа: 11 пациенти од Скопје, од Куманово и Кавадарци – по 2 починати лица и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово. 18 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Регистриран е 521 оздравен пациент од: Скопје – 166, Прилеп – 72, Охрид – 54, Кавадарци – 47, Неготино – 40, Куманово – 28, Тетово и Кочани – по 18, Велес, Струга и Крива Паланка – по 15, Гевгелија – 5, Богданци – 4, Крушево – 3, Битола, Пробиштип, Виница, Демир Хисар, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Берово и Македонски Брод – по 1.
Направени се 2.789 тестови преку: ИЈЗ-696, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-354, Биотек-345, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина-335, лабораторија Лаор–412, Судска медицина-1, ЦЈЗ Битола-96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-39, Ремедика-17, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 251, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0.
Досега во земјата се направени вкупно 566.183 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.