Пенисите стануваат помали поради загадувањето

Можеби звучи како шега, но истражување на докторката Свен покажува до која крајност загадувањето го уништува репродуктивното здравје, пренесува „Euronews“.

Доколку ви беше потребна уште една причина за да се загрижите за климатската криза, ново медицинско откритие покажува дека загадувањето влијае на пенисите и тие се намалуваат.

Познатиот епидемиолог и научник за животна средина, докторката Шана Свен, издаде книга која ја истражува врската помеѓу индустриските хемикалии и должината на пенисот.

Нејзината книга „Одбројување“ објаснува дека модерниот свет го променува човечкиот репродуктивен развој и е закана за иднината на човечкиот вид.

Во книгата се опишува како загадувањето е причина за еректилна дисфункција, намалување на плодноста и раст на бројот на бебиња кои имаат мали пениси.

Иако фактот за намалување на должината на пенисот може да звучи како шега, истражувањето на докторката Свен не дава баш блескава визија за иднината на човечкиот вид и неговата можност да преживее.

„Во некои делови од светот, просечните дваесетгодишни девојки се помалку плодни од нивните баби на 35 години. Хемикалиите во нашата околина и нездравиот начин на живот во модерниот свет предизвикуваат дисбаланс во хормоните, што понатаму е причина за репродуктивен хаос.“, пишува докторката Свен, објаснувајќи ја ситуацијата како глобална егзистенцијална криза.

„Само еден критериум треба да е исполнет за одреден вид да биде загрозен. Во моменталната состојба, луѓето исполнуваат три критериуми“, вели докторката Свен.

Според истражувањето на докторката, намалувањето на пенисите е реакција од фталати, хемикалии кои се користат во производството на пластика, кои исто така влијаат врз лачењето на ендокрините хормони.

Групата на хемикалии се користи за да се зголеми флексибилноста на одредена супстанца. Фталатите можат да се најдат во играчките, пакувањата на храна, детергентите, козметиката и многу други продукти. Но според докторката Свен, овие хемикалии радикално штетат врз човечкиот развој.

„Бебињата се раѓаат контанимирани со хемикалии поради супстанците кои ги апсорбираат во матката“, вели докторката.

Поголемиот дел од работата на докторката е фокусиран на ефектите на фталатите, кои на почетокот ги забележала кај лабораториските стаорци.

Во 2000 година, се случи научно откритие токму на оваа тема и оттогаш стана возможно да се измерат дозите на фталатите кај луѓето.

По откритието, докторката Свен напишала неколку научни трудови за тоа како фталатите може да бидат пренесени од родителите на децата, како фталатите влијаат на женската сексуална потреба, а најновото истражување е на темата како филатите влијаат на должината на пенисите.

Едно од најпознатите истражувања на докторката од 2017 година, ја испитувало врската помеѓу сперматозоидите и загадувањето.

Истражувањето истовремено ја споредило машката плодност во последните четири декади. Истражувањето вклучувало 185 научни труда и 45.000 мажи, а резултатите покажале дека сперматозоидите кај мажите во западните земји се намалиле за 59 отсто помеѓу 1973 и 2011 година.

Но сепак, има и добри вести. Откако се основала Европската агенција за животна средина, европските граѓани се изложени на загадување кое е намалено за 41 отсто отколку пред две децении.