Отворено: Парламентарен надзор на службите за разузнавање

Комисиите почнаа, но не ја завршија работата, а Собранието е пред распуштање. Дали се воспостави системот за контрола на тајните служби? Како да се контролира „големото уво“?Клучните забелешки од извештајот на Прибе остануваат без одговор – Зошто реформите што ги бараше ЕУ останаа за по изборите? Ова се дел од прашањата на кои ќе се дебатира во новото издание на дебатната емисија Отворено на ТВ каналот 24 Вести.

Говорници ќе бидат Павле Саздов, ВМРО-ДПМНЕ, член на комисиите за надзор врз службите, Петре Шилегов, СДСМ, претседател на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето и Талат Џафери, ДУИ, координатор на пратеничката група, поранешен Министер за одбрана на Република Македонија.

Поставување прашања и пријавување за учество преку социјалните мрежи фејсбук и твитер се прави на линкот http://goo.gl/26sAVs или на телефонот на Отворено: 077 508 843.

Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето, во 16:00 часот во Томато продукција, а ќе се емитува на 24 Вести во понеделник, 22 февруари, во 20:40 часот.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).