Отворено 70-то „Берлинале“ со филмот „My Salinger Year“

Со минута молчење за жртвите во малиот германски град Ханау синоќа започна 70-то издание на филмскиот фестивал во Берлин, затоа што, како што се вели во соопштението за новинарите, фестивалот отсекогаш ги истакнувал и се заложувал за толеранцијата, почитта и гостопримството.

Фестивалот беше отворен со премиерата на канадско-ирската копродукција „My Salinger Year“ на Филип Фаларду, кој за своето дело свестено во Њујорк во 1990-те ги ангажираше Сигурни Вивер и Маргарет Квели.

Од традиционалната втора надела од февруари, „Берлиналето“ годинава се поместува од 20 февруари до 1 март. Втората промена е тоа што фестивалот доби свежи сили во бордот, откако лани функцијата на директор ја напушти Дитер Козлик, а новиот уметнички директор е Карло Шатриан, додека Мариет Рајзенбек е новата менаџерка.

За „Златна мечка“ се борат 18 филма од 18 земји, сметајќи ги и копродукциите. Еден филмовите е документарец, а дури 16 од селектираните наслови ќе имаат официјална светска премиера токму на „Берлинале“.

The roads not taken

Меѓу филмовите се новото дело на британската режисерка Сали Потер – „The Roads Not Taken“, каде играат Хавиер Бардем, Ел Фанинг, Салма Хајек и Лора Лини. Филмот го следи животот на еден човек и неговата ќерка, „лебдејќи“ низ алтернативни животи што можел да ги има.

Од режисерката Наталиа Мета во главната програма е нејзиното своето второ филмско дело „Instruder“. Тоа ја следи Инес, која по трауматично искуство развива нарушување на сонот и е прогонувана од кошмари.

Њујоршкиот ветеран Абел Ферара го претставува своето остварување „Siberia“ со Вилијем Дафо, а младиот автор со авганистанско потекло, Бурхан Курбани, ја носи адаптацијата на влијателниот роман од 20 век, „Вerlin Аlexanderplatz“ на Алфред Доблин.

Француско-белгискиот „Delete history“ зборува за три жртви на социјалните медиуми кои прогласуваат војна на технолошките гиганти.

Delete history

Со по два филма застапени се САД и Франција. По еден филм доаѓа од Иран, „There has no evil“, во кој Мохамед Расулоф се осврнува на современиот филозофски концепт на злото, а со злото се занимава и познатиот режисер од Камбоџа, Рити Пан во документарниот филм „Irridiated“.

Во главната програма е вклучен тајланскиот режисер Тсаи Минг Лианг со „Days“, исто така и младата американска авторка Елиза Хитмен со „Never Rarely Sometimes Always“. Овој филм веќе беше претставен на „Санденс“, а раскажува приказна за две тинејџерки од рурална Пенсинлванија што патуваат до Њујорк за да побараат медицинска помош за несаканата бременост.

Руската драма „DAU Natasa“, за животот на изолиран Советски институт за истражување, веќе предизвика бура од реакции, откако од повеќемина беше окарактеризиран како конроверзен филм, обвинувајќи го за порнографија. Филмот е на Илја Кржановски и германската долгогодишна мејкап артистка, Екатерина Ертел. Филмот ја следи Наташа која, според синопсисот, „пие многу, сака да зборува за љубов и се впушта во афера“.

DAU Natasa

Оваа година почесната „Златна мечка“ оди во рацете на Хелен Мирен, додека жирито го предводи култниот британски актер, Џереми Ајронс.

Целосната програма на „Берлиналето“ може да ја видите ТУКА.