Отворена изложбата – римејк „Нефигуративни тенденции во 60-тите“

Од денес во 14 часот, па се до 30 ноември, во Музејот за современа уметност во Скопје ќе биде поставена изложбата „Негуративните тенденции во 60-тите“, римејк од 1992 година.

Изборот на експонатите, што ја одредува концепцијата, е направен исклучиво од колекцијата на Музејот, во кој се депонирани најмногу дела од 60-тите години.

Намерата на оваа изложба е да се презентираат некои настојувања на седмата деценија настанати како рефлекс на наведените карактеристики, што самите нив ги дефинира во рамките на “објектуалните” тенденции, пишува кураторката Марика Бочварова Плавевска.