Откриени нови фрески во Помпеја на кои се прикажани сцени од грчката митологија

Неверојатни уметнички дела се откриени по новото ископување во античкиот римски град Помпеја закопан во еурпција од планината Везув во 79 година од новата ера, пишува „Би-Би-Си“.

Археолозите велат дека фреските се меѓу најубавите што се откриени во урнатините на античкиот локалитет.

Митолошки грчки фигури како Елена од Троја на високите ѕрни сидови во голема сала за церемонии и гозби. Исто така, речиси целосниот мозаичен под на собата е составен од повеќе од милион посебни бели плочки.

Третина од изгубениот град треба да се исчисти од вулкански остатоци. Сегашното ископување е најголемо во една генерација ископувања и ја нагласува позицијата на Помпеја како врвен прозорец во светот за луѓето и културата на Римската империја.

Директорот на паркот д-р Габриел Цухтрихел за „Би-Би-Си“ во четвртокот ја претстави „црната соба“.

Како што вели тој, веројатно острата боја на ѕидовите била избрана за да се сокријат наслагите од чад од светилките кои се користеле на забавите за време на зајдисонце.

Во собата доминираат две фрески. Во едната богот Аполон се гледа како се обидува да ја заведе свештеничката Касандра. Нејзиното одбивање, според легендата која е опишана и во „Орестија“ на Ајсхил, резултира со тоа сите да ги игнорираат нејзините пророштва.

Трагичните последици од тоа се претставени во втората фреска кога тројанскиот принц Парис ја запознава Елена – заедница која, како што предвидува Касандра, ќе ги проколне сите и ќе резултира со Тројанската војна.

Подетални објаснувања за „црната соба“ која е последната во низата откритија ќе има во документарниот филм на „Би-Би-Си“ што ќе се емитува подоцна во април.