Цртеж од пица стар 2.000 години пронајден на Помпеја

Археолози во стариот римски град Помпеја открија слика на која што се гледа „предокот“ на она што денес го знаеме како италијанска пица, пренесува „БиБиСи“

Лебот претставен на фреската стара 2.000 години може да биде „далечен предок на модерниот оброк“, изјавиле од италијанското министерство за култура, највеќе бидејќи на цртежот не се претставени препознатливите состојки на пицата кои ги знаеме денес.

Фреската е пронајдена во ходник до куќа близу до пекара, преку скорешни откопувања на археолошкото наоѓалиште во јужна Италија.

Археолозите кои работат на наоѓалиштето кое е прогласено за светско културно наследство од страна на УНЕСКО, велат дека на фреската е претставен леб заедно со вински пехар, а посочуваат дека лебот можел да се конзумира со мандарини или урми, или пак да бил зачинет со зачини и некоја форма на песто намаз.

Директорот на Помпеја, Габриел Зухштригел вели дека фреската го покажува контрастот меѓу „штедлив и едноставен оброк“ и „луксуз од сребрени послужавници“.

Скелети на три лица, исто така, биле пронајдени во близина на рерната во работните области на домот, се додава во соопштението на Министерството за култура.

Археолошкото наоѓалиште се наоѓа на околу 23 километри од градот Неапол, модерниот дом на италијанската пица исто така заштитена од УНЕСКО.