ОрцеTalks: Иднината на социјалните медиуми

На 21 ноември (вторник) со почеток во 18:00 часот во просториите на средното училиште „Орце Николов“, ќе се одржи дискусијата ОрцеTalks, на тема иднината на социјалните медиуми.

Ако дрвото падне во шумата и никој не го слушне како паѓа, дали навистина паднало? На овој филозофски принцип ќе се базира и прашањето, како и темата на овомесечното издание на ОрцеTalks; дали во иднината, ако не сме на социјалните медиуми, воопшто постоиме во едно општество?

Гостин на дискусијата ќе биде проф. д-р Огнен Спасовски од Институтот за психологија при УКИМ, кој како некорисник на социјални медиуми, ќе ја осветли перспективата на луѓето кои не се корисници на социјалните медиуми и како тие ја гледаат нивната иднина. Освен говорот на професорот Спасовски, конструктивна и критичка дискусија ќе причинат и кратките видеа поврзани на оваа тема.

Право да аплицираат имаат сите средношколци од сите училишта и своите апликации да ги достават најдоцна до сабота (18 ноември), 23:59 часот.

Апликациски линк: https://goo.gl/forms/1RQ2ZFoUjhDpNkIn2

За повеќе информации заинтересираните можат да се обратат на: orcetalks@gmail.com.