Онлајн дебата „Дали ни е потребна медиумска диета?“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на Неделата против лажните вести организира онлајн дебата „Дали ни е потребна медиумска диета?“ која ќе се одржи, во петок, 30 октомври од 13.00-14.00 часот преку „Zoom“ на следниот линк: https://zoom.us/j/98898845059.

Дали сме зависни од интернет и од социјалните мрежи? Како социјалните мрежи влијаат врз менталното здравје и однесувањето на младите? Што ни се случува ако сме офлајн еден или повеќе дена? За што најмногу го користат младите интернетот? Како да го зачуваме менталното здравје во дигиталната ера?

Ова се дел од прашањата за кои ќе дискутираме со:

  • асс. д-р. Васка Митова, специјалист психијатар, Универзитетска клиника за психијатрија
  • Ана Попризова, училишен психолог
  • Стефан Митиќ, студент и учесник на социјалниот експеримент на ИКС „Дигитална детоксикација“
  • Рамизе Рамадани, ученичка во средното медицинско училиште „Гостивар“

Модератор на дебатата ќе биде Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии.

ИКС овој настан го организира како дел од „Неделата против лажните вести“, во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост“, финансиран од Европската Унија.

Преку оваа дебата, но и со другите настани и едукативни ресурси и настани, ИКС заедно со партнерите – Македонскиот институт за медиуми, Самостојниот синдикатот на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон, се приклучува кон иницијативата на Мрежата за медиумска писменост „Денови на медиумската писменост 2020“.