ОН: Повлекувањето на средствата за помош од Газа може да предизвика колапс на хуманитарниот систем

Високи претставници на Обединетите нации предурпедија дека повлекувањето на средствата од главната агенција за помош во Газа може да води до „колапс на хуманитарниот систем“.

Ова доаѓа откако САД, Велика Британија и други држави го прекинаа финансирањето поради наводната улога на дел од персоналот на ОН во нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Поради овие наводи ОН отпушти неколку од своите вработени. Оттаму кажаа дека во тек е истрага за Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА).

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, УНРВА ја опиша како „управувана од Хамас“, додавајќи дека Израел „открил дека таму има 13 работници кои всушност учествувале, директно или индиректно во масакрот на 7 октомври“.

Но САД, најголемиот донатор на УНРВА кажаа дека сакаат агенцијата да продолжи со работа.

„Нема друг хуманитарен играч во Газа кој може да овозможи храна, вода и лекови на нивото на кое може УНРВА. Сакаме да видиме дека продолжува со работа и затоа е важно Обединетите нации да ја сфатат работата сериозно, да истражат, да има одговорност за секој за кој ќе се утврди дека се вклучил во погрешно дело“, изјави потпаролот на американскиот стеј департмент, Метју Милер.

Во нападот на 7 октомври, вооружени лица на Хамас убија околу 1.300 луѓе и киднапираа околу 250.

Израел започна офанзива против Хамас како одговор на нападите во која, според министерството за здрвство управувано од Хамас, животот во Газа го загубија повеќе од 26.700 луѓе.

Повеќе од половина од зградите во Газа за време на офанзивата се оштетени или уништени, открива новата анализа на „Би-Би-Си“.

Секретарот на ОН, Антонио Гутереш изјави дека во тек е целосно независна истрага на УНРВА.

Потпаролот на УНРВА изјави дека ако не продолжи финансиската помош, Агенцијата по февруари нема да може да продолжи со работа.

„Наводите за вклученост на неколку лица од персоналот на УНРВА во нападите на Израел на 7 октомври се ужасни. Како што изјави секретарот на ОН, секој вработен во Агенцијата кој бил вклучен во акти на терор ќе биде повикан на одговорност. И покрај тоа, ние не смееме да ја спречиме Агенцијата да им служи на луѓето на кои очајно им е потребна помош. Повлкувањето на средствата од УНРВА е опасно и би резултирало со колапс на хуманитарниот систем во Газа, со далекусежни последици за хуманитарните човекови права и последици во окупираната палестинска територија во регионот. Светот не смее да ги напушти луѓето во Газа“, стои во соопштението на постојансиот меѓуагенциски комитет на ОН.

Меѓу земјите кои го прекинаа финансирањето се и Јапонија, Германија и Шведска.