Омаж за Хусто Хорхе Падрон во ДПМ

Денес (20 април), во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), во соработка со Шпанската амбасада, ќе се одржи омаж во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон.

Омажот е по повод двегодишнината од неговата смрт, а Падрон беше добитник на „Златниот венец” и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

За творештвото на Падрон ќе говори академик Влада Урошевиќ, а присутните ќе ги поздрави и Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Исто така, ќе се обрати и претставник на Шпанската амбасада во Република Северна Македонија, како и сопругата на Падрон, Клеопатра Филипова.

Стихови од Хусто Хорхе Падрон ќе чита Ѓорѓи Калајџиев.