Оксфордскиот речник го прогласи „климатска вонредна состојба“ збор на 2019

Речникот Оксфорд го прогласи „климатска вонредна состојба“ (climate emergency) за збор на годината за 2019 година, откако употребата на оваа кованица била стократно зголемена.

Дефинирана како „ситуација во која е потребна итна акција за да се намалат или сопрат климатските промени и да се избегнат потенцијално неповратна еколошка штета како нејзин резултат“, Оксфорд соопшти дека зборовите прераснале од „релативно непознати“ во „еден од најпознатите и дискутираните термини во 2019 година“.

Според податоците на речникот, користењето на „климатска вонредна состојба“ пораснала за 10,796 проценти.

Во 2019 година „климатски“ стана најчест збор кој се поврзува со „вонредна состојба“, дури три пати почесто се користи од „здравствена вонредна состојба“ која е на второ место.