OJO: 36 лица се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Основното јавно обвинителство (ОЈО) за гонење на  организиран криминал и корупција информира дека по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите за настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија, ја заврши предистражната постапка.

„По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против  триесет и шест лица поради  основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на ОЈО.