Одбележување на Европската година на културно наследство во Архео Паркот Бразда

Со документарен филм и изложба на фотографии Иститутот за Археолошки Истражувања, на 9-ти јуни во 17 часот организира настан за одбележување на Европската година на културното наследство во Архео Паркот Бразда.

Проектот: “Промоција на владетелската гробница на археолошкиот локалитет Градиште-Бразда” е еден од 12-те проекти финансирани од Делегацијата на Европската Унија во рамки на повикот за предлози за одбележување на Европската година на културно наследство.

Главната цел, според Институтот, е подигање на свеста кај локалното население за значењето на културното наследство кое го имаат во нивната непосредна близина, како и поттик за нивно учество во заштитата и одржувањето на Архео Паркот во иднина.

На самиот настан на 9 Јуни во Архео Паркот Бразда ќе биде прикажан документарен филм за самиот локалитет и неговото значење, ќе има изложба на фотографии “Владетелската гробница од пронаоѓањето до денес”, како и мал коктел.