Објавена првичната верзија на новиот Закон за високо образование

Предлогот за новиот Закон за високо образование денеска е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР со што започнува јавна дебата за сугестии за негово подобрување. Содржината на Нацрт законот ќе биде отворена за коментари во следните 60 дена.

Со овој закон се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установи.

Првичната верзија на новиот Закон за високо образование може да се види ОВДЕ.