Објавен конкурсот за упис за УГД, следната академска година ќе може да се запишат 3.982 студенти

Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип го објави конкурсот за запишување на студенти во прв циклус студии. Универзитетот во академската 2023/24 година предвидува 3.982 слободни места.

Првиот уписен рок ќе биде од 21 до 24 август, а запишувањето на 1, 4 и 5 септември. Вториот уписен рок е на 6 и 7 септември, а запишувањето ќе се врши на 14 и 15 септември и третиот на 18 и 19 септември, а последниот датум за запишување ќе биде на 25 и 26 тој месец.

Пријавувањето и запишување на Универзитетот ќе биде организирано онлајн. Кандидатите треба да креираат и поднесат електронска апликација со лични податоци и податоци од средното образование тука. Во рамките на електронската апликација
ги плаќаат (електронски) и трошоците за пријавување.

И оваа година Универзитетот нуди можност за ослободување од плаќање на партиципација за студирање во првата година од студиите во студиската 2023/2024 за кандидатите запишани во првиот уписен рок како редовни студенти во државна квота, рангирани според постигнат успех од средно образование, кој не треба да е под 80 поени.

Студиски програми за кои се врши проверка на знаења и умеења се:

Музичка академија

  • Оддел за Дипломиран музички теоретичар и музички педагог
  • Оддел за Дипломиран етнокореолог
  • Оддел за Дипломиран музичар изведувач
  • Оддел за Дипломиран џез музичар

Ликовна академија

  • Класично сликарство
  • Вајарство

Филмска академија

  • Современ танц
  • Современ танц (на англиски јазик)

Факултет за медицински науки

  • General medicinе

Повеќе информации од конкурсот може да најдете овдекако и на веб-страната за Универзитетот.