Новогодишен концерт на Градскиот гудачки концерт во МКЦ

Од Младинскиот културен центар го најавија традиционалниот концерт на Градскиот дувачки оркестар.

Концертот ќе се одржи на 14 декември, четврток, со почеток во 19 часот.

Оркестарот на својот репетоар ќе изведува странски и домашни хитови во новогодишна атмосфера.

На најавениот репертоар се поставени изведби на песни како „What a wonderful world“, „Sway“, „Gipsy song“, „Љуби ме и главата горе“ и други.

Влезот е слободен, а организаторите порачуваат „Дојде и тоа време во годината на кое искрено му се радуваме“.