Нова сезона на „Dragon Ball“ по 18 години

Продуцентите на култната манга „Dragon Ball“, најавија нови анимирани епизоди по цели 18 години. Новата сезона, насловена „Dragon Ball Super“, ќе се емитува во Јапонија, во јуни, оваа година. За англиската верзија, се уште не се знае кога ќе биде објавена.

Креаторот на серијата Akira Toriyama ќе направи продолжение на Dragon Ball Z, кога Goku го поразува Majin Buu. Според најавите, новата сезона изобилува со голем број ликови од претходната сезона и го прикажува Goku како се обидува да го сочува новооткриениот мир.

Според Masako Nozawa, човекот кој го дава својот глас за ликовите Goku, Gohan  и Goten, новата серија го добила своето име од честата употреба на зборот „супер“ во различни Dragon Ball реклами и видео игри.

„Се надевам дека оваа серија ќе трае долго време и ќе има исто влијание во целиот свет како неговиот претходник“, рече Nozawa.

Dragon Ball Super претставува новата анимирана серија после Dragon Ball GT, која за првпат беше емитувана во 1996 и 1997 година. Таа сезона е првата која не беше адаптирана според оригиналната манга на Toriyama. Оригиналната Dragon Ball Z беше емитувана помеѓу 1989 и 1996 година.

Откако Toriyama дебитираше со Dragon Ball во 1984 година, серијата стана култна. Оригиналната манга претставува серијали во периодот помеѓу 1984 и 1995 година, со три продолженија. Но, приказната за Dragon Ball беше претставена и низ бројни видео игри, филмови и ТВ промоции.