Нова мобилна апликација ги промовира природните убавини на Националниот парк „Галичица“

Сите информации за природните убавини на Националниот парк „Галичица“ отсега посетителите ќе може да ги најдат во новата мобилна апликација.

Корисниците може да се информираат за историјата и културата на овој предел и неговите знаменитости, но и за тоа каде може да се преноќува.

За љубителите на адреналин, достапни се информации за пешачките и велосипедски патеки, како и блиски планински места кои  посетителите може да ги одберат за своја дестинација.

Апликацијата нуди информации и за флората и фауната која е застапена во националниот парк; од габи и алги па се до цицачи и влекачи.

Истовремено, апликацијата нуди листа на служби како планинска спасителна служба, канцеларија Галичица, полиција, пожарна, брза помош и превенција за справување со пожар.

Мобилната апликација е достапна на „PlayStore“ за iOs и Android на македонски, албански, англиски и холандски јазик. Таа e надополнување на новата веб-страница на Националниот парк „Галичица“, изработени од Box Digital Marketing.