„Нова генерација на млади“ изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија

Друштвото на ликовни уметници на Македонија за утре, 6-ти март, најавува отворање на изложбата „ДЛУМ нова генерација на млади“ која ќе се одржи во Уметничкиот центар АРТ ХАБ (ГТЦ, 2 спрат, локал 306) во Скопје.

Изложбата ги опфаќа младите членови на ДЛУМ во периодот од 2017 до 2020 година. Од Друштвото информираат дека ваквиот тип на претставувања на новите членови на друштвото е пракса која има за цел да ги промовира младите.

На изложбата учество ќе земат: Александар Зафировски, Бојан Ковски, Владимир Здравески, Ѓорги Динев, Давор Кешќец, Ива Станковски, Кристијан Јованоски, Марко Вујисиќ, Стефан Младеновски, Филип Цакоски, Ана Спасова, Ана Трајковска, Игор Таневски, Виктор Семенпеев, Зуљеха Зибери Али,

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, а на настанот ќе се обрати Претседетелот на С. Македонија, Стево Пендаровски.