Нов возен ред за автобусите до Средно Водно

Автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час, информираат од ЈСП.

Пробната линија со број 25А сообраќа на релација: Автомакедонија (Стара железничка станица) – Средно Водно, по следнава траса: булевар Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.

За линијата број 25A важи следниот возен ред:

Пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата Дом на печат – Средно Водно, по следнава траса: булевар Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.

За пробната линија 25Б ќе важи следниот возен ред:

Градот Скопје од минатиот викенд воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која ќе важи секој викенд и за време на државните празници. Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Покрај двете нови пробни автобуски линии, граѓаните можат да ја користат и постојната автобуска линија – линијата со број 25 до Средно Водно.

Возењето на овие три автобуски линии (25, 25А и 25Б) на почетокот ќе биде бесплатно. Во пресрет на граѓаните, Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).