НМСМ: Најзначајната регионална политика за младите на Балканот ќе се потпише на самитот во Париз

Дванаесет претставници на младинските организации од Македонија ќе ја претставуваат земјата на младинскиот форум при самитот за Западен Балкан во Париз на кој ќе премиерите на шесте земји ќе го потпишат договорот за креирање на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РКМС).

Во пресрет на самитот младите остварија средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт на која беше договорено дека младинските организации ќе учествуваат од почеток до крај во процесот на избирање на свој претставник во РКМС.

Главна цел на самитот е да се разговара за моменталните регионални предизвици, а младинскиот форум ќе биде фокусиран на 4 области и тоа: образование, вработување, учество и медиуми.

Во рамки на самитот ќе се случи на договорот за креирање на Регионалната канцеларија за млади (RYCO) од страна на премиерите на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, а во присуство на министрите или директорите за млади од овие земји, како и претставници на работната група која работеше на овој процес.

Воспоставувањето на Регионалната канцеларија за млади е од огромно значење за младите во земјавата и најзначајната младинска политика за регионот. Македонија ќе има 2 члена во Управниот одбор што е највисоко тело на РКМС, од кои еден претставник од Агенцијата за млади и спорт (АМС), и еден претставник на младите. За таа цел по завршувањето на самитот, претставниците на младинските организации и Агенцијата за млади спорт заеднички ќе ги утврдат роковите, критериумите и начинот на избор на претставникот.

На младинскиот форум на самитот на 4 јули ќе учествуваат Иван Јованов и Мартин Милошевски, претставници на организации членки на НМСМ, Марко Панковски, Владимир Ѓоргиевски, Сара Миленковска, Матеј Маневски и Сунаи Сабриоски, како и  претставници на други младинските организаци – Марија Матовска, Срѓан Видоевски и Гуѕим Нухиу. Повеќе информации околу процесот на креирањето на Регионалната канцеларија за млади можете да најдете на следниот линк.