Њујорк ќе започне со отстранување на бездомниците од метрото

Њујоршките власти објавија план со строги правила за користење на метрото, како дел од агресивниот план за отстранување на бездомните лица од превозниот систем, пренесува „Гардијан“.

Градската полиција ќе има право да постапува против спиење, создавање нехигиенска средина, пушење цигари или употребување на дроги во метрото.

Ваквата одлука беше донесена откако се забележа раст на криминални дејства во метрото, кои беа зголемени за 25 отсто во 2021 за разлика од 2019 година. Минатионт месец, американка со азиско потекло беше насилно бутната на шините, што направи градоначалникот да го зголеми бројот на полицијата во метрото. Тој истовремено вети дека дека ќе ги зголеми инспекциите, а додаде 1000 полициски службеници во системот.

Полицијата ќе биде поставена на крајните станици на метрото, а одсега сите патници ќе мора да го напуштат метрото.

Се претпоставува дека бројот на бездомни лица е околу 2.400 лица, а градот ќе ги смести бездомниците кои живеат во метрото во градските преноќувалишта. Во нив, веќе се сместени 50.000 лица.

За бездомните лица ќе бидат обезбедени и професионалци кои нудат ментална поддршка, па ќе се зголеми бројот на операторите кои одговараат на итните броеви кои нудат засолниште и теренска социјална помош.

„Новите мерки не се за затворање на лица, туку за затворање на проблем. Ние ќе ги подобриме условите. Злобно и нечовечки е да се дозволи на бездомните лица да живеат во метрото, а таквата ситуација е нефер и за патниците кои заслужуваат чиста и безбедна средина“, изјавил градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.

Сепак, активистите велат дека зголемувањето на бројот на полицијата во метрото нема да го реши проблемот со бездомништвото.