Низа културно-едукативни настани во рамки на „Студентска уметничка пролет“

Во периодот од 11 до 26 април на факултетите на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје ќе се случува „Студентска уметничка пролет“ – прослава на енергијатаи младешката моќе преку универзалниот јазик на уметноста преку музика, литература, филм и преку студентскиот креативен дух.

„Овој интердисциплинарен пристап и спој на различни уметнички факултети ќе ги претстави многуте облици на уметничката форма. За прв пат креираме патување низ институциите во кое студентите и професорите ќе ни ги доближат видовите на уметничко творештво на интегриран начин. Да се препуштиме на убавината, сетилата и емоциите на уметноста како главен двигател која не познава граници и да го доживееме креативниот студентски импулс“, велат од скопската европска куќа (Europe House Skopje) кои ги организираат настанот во соработка со Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за музички уметности, Драмскиот факултет, Филолошкиот факултет, Академска сцена и Студентското собрание на УКИМ.

Програмата започна денес со предавањето на професорот Ристо Солунчев насловено „Уметничкото дело како празник“ кое се одржа во салата за седници на Филолошкиот факултет од 13 часот.

Во проодлжение погледнете ја целата програма:

*13/04
Отворање на изложба со дела на студенти од Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) + Звучна инсталација на студентите од Факултетот за музичка уметност (Сули ан – ФЛУ)

*15/04
(14:00ч) Предавање на Јулијана Деспотоска
„Музикотерапија“ (Сала за седници – ФлФ)
(17:00ч) Предавање на проф. д-р Вангел Ноневски „Ремикс култура/уметност и нови медиуми” (Концертна сала на ФМУ)
(15:00ч) Предавање на проф. д-р Мира Беќар „Музичките жанрови и општествените класи“ (Галерија ФЛУ)

*18/04 (14:00ч)
Отворање на инсталацијата „Скриени дела и спомени – откривање“ на студентите од Факултетот за ликовни уметности (Aула ФлФ)

*19/04
(20:00ч) Концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност (Академска сцена ФДУ)
(21:30ч) „Требаше да имаме текст“ – испит по предметот Актерска игра 4 на студентите на отсекот Драмски актери во класата на проф. д р Сузана Киранџиска и вон. проф. д-р. Кристина Леловац (Академска сцена ФДУ)
(22:30ч) ДЏ сет на Јован Вуковиќ #SupportLocalArtists (Бифе на ФДУ)

*23/04 Прослава на Светскиот ден на книгата и на авторското право
(18:00ч) Предавање за Шекспир на Н.Е. Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ (Aула ФлФ)
(19:00ч) Предавање за Сервантес на Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија (Aула ФлФ)

*25/04 (20:00ч)
Кино на отворено
„Тага“, режија: Тина Величковиќ
„Лена и Владимир“, режија: Игор Алексов (Технички кампус – УКИМ)

*26/04
(14:00ч) Предавање на д-р Гоце Наумов „Стратиграфија на музиката: предисториски основи на ритамот“ (Сала за седници – ФлФ)
(20:00ч) Поетско-музичка вечер по повод Светскиот ден на џезот (Бифе на ФДУ)