Викендов во Охрид се одржува интердисциплинарна студентска конференција

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’ (УСС УКИМ) викендов (15-17 март) во Охрид организира интердисциплинарна студентска конференција со работилници и предавања во разни области.

Според објавената агенда, конференцијата започнува денес со работилници на теми како финансиска едукација, аспекти на урбано планирање, музикотерапија, јавно говорење, унапредување на кариерни вештини.

Вечерва ќе се одржи гала вечер со студентите.

Конференциската агенда продолжува утре со две панел дискусии – „Потрага по повисоките вредности во современиот свет“, „The New AI World“. По дискусиите ќе има диско забава.

Конференцијата завршува во недела (17 март).

Настанот се одржува во ресортот „Метропол“ и Центарот за култура „Григор Прличев“.