Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

Укинување на книжниот индекс и поголеми права на студентите, бара Александар Николовски, новиот студентски лидер на УКИМ

Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) ја избра новата постава, а нов претседател е Александар Николовски од Економски факултет.

Новиот студентски лидер на УКИМ за Радио МОФ вели дека моментално е на мастер студии по монетарна економија, финансии и банкарство – а себеси се карактиризира како финансиски соработник и едукатор, активен спортист, но и љубител на читањето, градинарството и готвењето.

Првичните заложби во мандатот му се поголема координација меѓу универзитетското сообрание и факултетските сообранија, како и соработка со останати вакви тела по други универзитети, дома и во странство. Понатаму, да се формира комисија за студентски стандард, која досега ја немала и ќе се бори за правата на студентите заедно со студентските правобранители.

Укинување на книжниот индекс и поголеми права на студентите, бара Александар Николовски, новиот студентски лидер на УКИМ

[Видео] Контрола или слобода во дигиталниот свет

Какво влијание имаат социјалните мрежи врз класичните медиуми, го диктираат ли темпото на нивната работа? Важат ли кодексите на новинарите и за корисниците на социјалните мрежи? Дали се’ она што корисниците на Фејсбук го карактеризираат како говор на омраза и навреди „држи“ во правна смисла? Колку повиците за забрани и укинување на социјални мрежи како Тик-Ток ги уриваат начелата за слобода на изразување?

Ова беа дел од прашањата во подкаст-дискусијата „Медиумската писменост во дигиталниот простор“, каде гостин е Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми.

[Видео] Контрола или слобода во дигиталниот свет

Помалку nepismenost, насилство и апатија – Што предвидува новата Стратегија за млади?

Младите се носители на позитивните промени и клучот за одржливост и развој на општеството. Тие ги остваруваат своите потреби и права на начин што им овозможува да го достигнат својот целосен човечки потенцијал

Ова е визијата на новата Национална стратегија за млади која неодамна беше усвоена од Владата, документ кој покажува каде власта ги гледа младите за четири години отсега. За да се стигне до посакуваните цели, предвидени се конкретни чекори, а за да се измери колку е реализирано поставени се различни мерливи индикатори и конкретни рокови.

Помалку nepismenost, насилство и апатија – Што предвидува новата Стратегија за млади?

Млади дебатираа: Медиумите (не) придонесуваат кон медиумската писменост

Медиумите не придонесуваат, односно придонесуваат кон зголемување на медиумската писменост. Ова е тезата на панел-дискусијата што се одржа вчера, а која ја предводеа млади дебатерки од дебатниот клуб на Младинскиот образовен форум.

Настанот беше поставен во форма на дебата по „школски пример“, а шесте дебатерки беа поделени во два тима застапувајќи ја афирмативната страна – медиумите не придонесуваат кон зголемување на медиумската писменост, односно негативната – медиумите придонесуваат кон зголемување на медиумската писменост кај луѓето. Секоја од говорничките или Јана Симеонова, Елена Николова, Миа Чучак, Лиза Брасова, Евгенгија Стојкова и Деа Деспотовска имаше право на осум минути за аргументирање и четири минути простор за реплицирање.

Млади дебатираа: Медиумите (не) придонесуваат кон медиумската писменост

Македонската хомофобија ги сплотува левицата и десницата, а мажите се посамоуверени за политичко учество од жените

Македонските граѓани живеат во една од најхомофобичните земји во регионов. Тоа го покажаа резултатите од Европското општествено истражување (ЕОИ), кога во 2021/22, С. Македонија за првпат учествуваше во големата компаративна анкета која 20 години се случува низ европските земји.

Според податоците од истражувањето, а во однос на хомофобијата и хомофобичноста, испитаниците од земјава се најхомофобични во сите овие димензии, споредено со испитаниците од сите европски држави како и со испитаниците од регионот, вели професорката Анета Цекиќ, од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, која е и национална координаторка на истражувањето.

Македонската хомофобија ги сплотува левицата и десницата, а мажите се посамоуверени за политичко учество од жените