„Нетфликс“ приморан да повлече филм кој го претставува Исус како геј маж

Судија во Бразил пресуди „Нетфликс“ да престане со прикажувањето на „богохулниот“ филм кој беше дел од божиќната понуда на платформата. Филмот стана проблематичен бидејќи го претставува Исус како геј маж.

Бенедикто Абикар, судија од Рио де Жанеиро пресуди во корист на бразилската католичка организација, која започна петиција „Нетфликс“ да го тргне филмот „The first temptation of Christ“, филм кој според нив ја повредил „честа на милиони католоци“.

Оваа пресуда е во сила сѐ додека некој повисок суд не пресуди поинаку.

Во филмот, Исус се враќа дома за својот 30ти роденден и постои сугестија дека е хомосексуалец. Специјалното божиќно издание е во продукција на бразилската компанија „Porta dos Fundos“, која се наоѓа во Рио де Жанеиро. Седиштето на компанијата беше мета на бомбашки напад за време на Божиќ.

Никој не беше повреден во нападот, а видео кое циркулирало на социјалните мрежи во наредните денови, прикажува три мажи кои потврдуваат одговорност.
„Porta dos Fundos“ го одбрани својот филм со правото на слободен говор кое било пресретнато од лутината на религиозните групи.