„Небо“ – Изложба на пејзажи на Јана Јакимовска

Во четврток, 21 јануари, од 12 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена изложбата „Небо“ на небесни пејзажи на ликовната уметница Јана Јакимовска.

На изложбата ќе бидат поставени 20 дела во техниката акрил на платно.

Организаторите напоменуваат дека за посета на изложбата потребно е да се почитуваат протоколите за заштита од КОВИД-19.

Посетителите треба да носат заштитна маска, ќе се дезинфицираат рацете, а ќе се одржува и физичка дистанца од другите посетители.

Во галеријата ќе биде дозволено присуство на максимално 15 посетители, а пред влезот организаторите ќе извршуваат мерење на телесната температура.