Научници работат на 4Д принтање – создаваат предмети што го менуваат обликот

3Д принтањето, односно процесот на обработка на предмети од дигитална верзија, направи огромен напредок во технологијата, а има се поголема примена во науката и медицината. Во меѓувреме, научниците направија неколку чекори кон иднината. Истражувачи во Харвард неодамна ги објавија нивните најнови достигнувања со 4Д принтањето.

Во овој случај, четвртата димензија се однесува на времето. Предметите најпрво се прават така што со гел се црта на рамна површина, а потоа добива тродимензионален облик кога се потопува во вода. Гелот содржи влакна со целулоза, органска состојка што може да се најде во растенија. Нивната структура ја одредува нивната цврстина и степенот до кој ќе се распрснат кога се во вода.

Тимот од Харвард, предводен од Џенифер Луис бил инспириран од начинот на кој растенијата го менуваат нивниот облик со тек на времето, под влијание на надворешни фактори како сончева светлина, температура или влажност. Во видеото подолу, е прикажан пример за тоа како се одвива овој процес.

Меѓутоа, концептот на 4Д принтање не е нешто ново. Професорот Скајлар Тибитс од МИТ Универзитетот го претстави концептот на ТЕД конференција во 2013 година. Според логиката на Тибитс, потребни се два вида на материјали, еден мек и еден тврд, но тимот на Харвард користи само еден материјал, во вид на хидрогел композитно мастило.