Научници бојкотираат јужнокорејски универзитет поради „роботите-убијци“

Водечките експертите за вештачка интелигенција го бојкотираа универзитетот од Јужна Кореја, поради партнерството со производителот на оружје „Ханва Системс“. Повеќе од 50 истражувачи од 30 земји потпишаа писмо изразувајќи загриженост во врска со плановите за развивање на вештачката интелигенција кај оружјето.

Како одговор на ова, универзитетот соопшти дека нема да развива „автономно смртоносно оружје”.

Бојкотот доаѓа пред најавениот состанокот на Обединетите нации, каде ќе се разговара за роботи-убијци.

Шин Сунг-Чул, претседател на Корејскиот напреден институт за наука и технологија (КАИСТ) изјави: „Уште еднаш потврдувам дека КАИСТ нема да спроведе никакви истражувачки активности против човечкото достоинство, вклучувајќи го и автономното оружје за кое не е потребна човечка контрола. КАИСТ е свесен за етичките проблеми од примената на сите технологии, вклучувајќи ја и вештачка интелигенција.“

Тој објасни дека проектот на универзитетот е фокусиран на развој на алгоритми за „ефикасни логистички системи, беспилотни навигациски системи и системи за обука во воздухопловството“.

Професор Ноел Шарки, кој ја предводи Кампањата за спречување на роботи -убијци, беше еден од првите што го потпишаа писмото и го поздравија одговорот на универзитетот.

„Добивме писмо од претседателот на КАИСТ со кое беше тие ставаат на знаење дека нема да помагаат во развојот на автономни системи за оружје“.

„На потписниците на писмото ќе им треба малку време за да разговараат за односот меѓу КАИСТ и Ханва пред да го повлечат бојкотот”, додаде тој.

Се додека бојкот не биде укинат, истражувачите ќе одбијат да соработуваат со било кој дел од КАИСТ.

Следната недела во Женева, 123 земји-членки на ОН ќе разговараат за предизвиците од смртоносните автономни оружја или роботи-убијци, со 22 од овие земји кои бараат директна забрана за такво оружје.

„Во време кога Обединетите нации дискутираат како да ја разберат заканата од автономните оружја за меѓународна безбедност, за жал, престижната институција КАИСТ гледа како да ја забрза трката за вооружување и да развие такво оружје”, се вели во писмото испратено до КАИСТ, како најавува за бојкотот.

„Ако се развие, автономното оружје ќе значи трета револуција во војувањето. Ќе се дозволи војната да се бори побрзо и посилно од кога и да било досега. Деспотите и терористите може да го искористат против невини лица, отстранувајќи какво било етичко ограничување. Оваа Пандорина кутија тешко ќе се затвори ако биде отворена“.

Јужна Кореја веќе има армија од роботи што патролираат на границата со Северна Кореја. Самсунг SGR-А1 носи митралез кој може да се префрли во автономен режим, но, во моментов, е управуван од луѓе преку камери.