Најслабите лозинки за 2017

Компанијата SplashData проучила повеќе од 5 милиони лозинки кои беа украдени и објавени годинава, и врз основа на тие податоци ја состави листата од најлошите.

„Иако „Star Wars“ оваа година доби одлично продолжение, лозинката „starwise“ е многу лош избор. Истото важи и за сите поими поврзани со популарната култура, во однос на тоа дека хакерите лесно ги откриваат“, велат од компанијата.

„Хакерите користат познати термини од поп културата и спортовите за да влезат во онлајн профилите бидејќи знаат дека многу луѓе ги користат тие лесно за паметење зборови“, рече Морган Слен, извршен директор.

Компанијата проценува дека речиси 3 отсто од луѓето ги користат најлошите лозинки што се најдоа на листата, додека речиси 10 отсто користеле најмалку еден од топ 25.

Во продолжение, листата од најлошите лозинки за 2017 година:

1. 123456

2. password

3. 12345678

4. qwerty

5. 12345

6. 123456789

7. letmein

8. 1234567

9. football

10. iloveyou