МЗ: Седуммина починати и 175 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале седум лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 85 и 43 години и по еден пациент од Охрид на 83 години, од Штип на 79 години, од Тетово на 67 години, од Берово на 80 години и од Велес на 74 години.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 175 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 90 случаи во Скопје, 15 во Кавадарци, 11 во Тетово, седум во Куманово, по шест во Охрид и Кратово, пет во Дебар, по четири во Гостивар, Прилеп, Струмица и Ресен, по три во Велес и Струга, по два во Битола, Гевгелија и Виница и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Штип, Берово, Кичево, Неготино, Делчево, Крушево и Свети Николе.

Регистрирани се 365 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 288, Велес – 10, Прилеп – 7, Куманово – 7, Гостивар – 7, Штип – 7, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка – 3, Виница – 3, Кратово – 3, Кичево – 3, Тетово – 2, Дебар – 2, Берово – 2, Богданци – 2, Пехчево – 2, Охрид – 1, Битола – 1, Кавадарци – 1, Ресен – 1, Радовиш – 1, Пробиштип – 1, Крушево – 1, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 1 и од Неготино – 1.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 456.341 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.733 тестови.