МЗ: Десет починати и 336 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 336 нови случаи на Ковид-19.

Регистрирани се 145 случаи во Скопје, 27 во Кавадарци, 25 во Охрид, 17 во Прилеп, 15 во Тетово, по 13 во Куманово и Велес, 12 во Битола, по десет во Делчево и Струга, седум во Гостивар, по пет во Гевгелија и Берово, по четири во Струмица, Ресен и Радовиш, по три во Кичево, Свети Николе и Неготино, по два во Крива Паланка, Пробиштип, Македонски Брод, Крушево, Демир Капија и еден случај е регистриран во Кочани.

Од МЗ информираа и дека од Ковид-19 во последните 24 часа починале десет лица, односно, пет пациенти од Скопје на 53, 61, 81, 84 и 86 години, еден од Кавадарци на 72 години, еден од Гостивар на 61 година, еден од Кочани на 49 години, еден од Охрид на 83 години и еден од Прилеп на 68 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 385 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 213, Прилеп – 27 , Куманово – 23, Кавадарци – 23, Тетово – 17, , Велес – 15, Штип – 12, Кочани – 9, Дебар – 7, Крива Паланка – 5, Радовиш – 5 , Битола – 4, Кичево – 4, Гостивар – 3, Берово – 3, Демир Капија – 3, Свети Николе – 2, Гевгелија – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2, Охрид – 1 , Неготино – 1 , Македонски Брод – 1 и од Крушево –1 .

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91891, бројката на оздравени пациенти е 80393, на починати е 2831, а бројот на активни случаи изнесува 8667“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 449.995 тестирања на Ковид-19, а во изминатово деноноќие се направени 1.964 тестови.