МЗ: 150 нови случаи на Ковид 19, починати се 16 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 150 нови случаи на Ковид-19, при направени 2.093 тестирања.

Новите случаи се забележани во:Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево – по 4, Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница – по 3, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се и 487 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (50г,62г,66г,79г,81г и 83г), и по едно лице од Куманово (54г), Велес (69г), Гостивар (70г), Штип (69г), Струмица (54г), Струга (83г), Кочани (65г), Гевгелија (72г), Радовиш (88г) и Богданци (78г). Од пријавените сите се починати во болнички услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.

Досега во земјата се направени вкупно 745.471 тестирања на Ковид-19.