Седум починати и 460 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 460 нови случаи на Ковид-19, при направени 2.424 тестирања.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45,Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15,Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево – по 9, Кочани и Крива Паланка – по 7, Кратово – 5,  Неготино и Валандово – по 4, Струга, Виница и Македонски Брод – по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Од министерството информираат дека се регистрирани 543 оздравени пациенти, а починале 7 лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 67г и 83г), 2 починати лица од Битола ( 66г и 83г), и по едно починато лице од Куманово (79г), и Берово (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70г до 88г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови“, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.

Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на Ковид-19.