МЗ: 12 починати, 161 новозаразен и 154 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19, во болнички услови починале 12 лица, односно, седум пациенти од Скопје на 56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82 години, пациент од Струга на 67 години, пациент од Тетово на 85 години, пациент од Битола на 68 години, пациент од Кавадарци на 56 години и пациент од Прилеп на 63 години.

Од МЗ додаваат дека е потврден 161 нов случај на Ковид-19, односно 90 во Скопје, 15 во Гостивар, 11 во Куманово, осум во Струмица, по шест во Прилеп и Берово, пет во Тетово, четири во Велес, три во Кочани, по два во Штип, Кавадарци, Пробиштип, Делчево и Кичево и по еден во Крива Паланка, Радовиш и Валандово.

Институтот за јавно здравје регистрирал 154 оздравени пациенти, односно, 62 од Скопје, 12 од Кочани, десет од Струмица, седум од Тетово, по шест од Куманово, Прилеп и Пробиштип, по пет од Кавадарци и Гостивар, по четири од Штип, Струга, Радовиш и Валандово, по три од Велес, Охрид и Берово и по два од Битола, Гевгелија, Пехчево, Свети Николе и Кичево.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23788, бројката на оздравени пациенти е 17392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5550. Од вчера се евидентира еден конторлен тест“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се седум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 61 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се шест деца и шест мајки позитивни на Ковид-19 и две деца и три мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 221.782 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 771 тест.

Филипче најави нови мерки, но и полициски час ако расте бројот на лица со Ковид 19