Мозаикот „Психоделично око“ на Џон Ленон ќе се продава на аукција

Дел од уметничкото наследство на Џон Ленон ќе се најде на аукцијата на „Бонамс“, именувана како „Рок, поп и филм“ која ќе се одржи на 29 ноември. Станува збор за уникатното „Психоделично око“, мозаик нарачан од музичарот во 1965 година, чија вредност се проценува да достигне шест цифри.

Во 1964 година Џон Ленон и неговата тогашна сопруга Синтија купија замок на брдото Сент Џорџ во Кинвуд, Сари, Велика Британија. Мозаикот со психоделичното око беше нарачан за надворешниот базен. Мозаикот е составен од 17.000 плочи и беше поставен на ѕидот на длабокиот крај при што создава психоделичен ефект.

Мозаикот најверојатно го дизајнирал Ленон, а го направил Џозеф Ритровато.

„Овој монументален мозаик е пример за уметничката визија и влијание на ‘Битлси’. Домот на Ленон во Кинвуд во англиското село претставуваше место за одмор од вниманието на јавноста што го доживеа за кога ‘Битлси’ го достигна врвот на популарноста. Мозаикот беше видлив дури и од неговата омилена ‘сончева’ соба на таванот на куќата“, изјави Клер Тол-моар, шеф на аукциската куќа, „Бонамс“