[Галерија] Француски уличен уметник пополнува дупки на патот со мозаици

Ем Емем е анонимен уметник од францускиот град Лион кој за себе вели дека е „поет од тротоарот“ и „син на асфалтот“. Неговото хоби е пополнување на дупките на патот и распуканите ѕидови на градските јавни простори со прекрасни мозаици.

Оваа своја активност ја започнал во 2016 година откако бил „хипнотизиран“ од оштетените подлоги на стара улица во близина на неговата прва работилница.

Во продолжение погледнете дел од неговите дела. Повеќе фотографии можете да најдете на неговиот Инстаграм профил.