МОН ги објави резултатите од стипендиите за средношколци за учебната 2023-2024

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека се објавени резултатите од конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2023-2024, кои може да се погледнат на следниот ЛИНК.

Оттаму додаваат дека учениците кои се стекнале со правото на користење стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до 29.12.2023 да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Од МОН велат дека решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следниот период.

Министерството вели дека за било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој ЛИНК, a прашања може да се поставуваат и на мејлот ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.