МОН ги објави резултатите од конкурсите за ученички стипендии за 2022-2023

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека се објавени резултатите од конкурсите за доделување на стипендии за ученици од средните стручни училишта за учебната 2022-2023, кои може да се погледнат на следниот ЛИНК.

Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, од 2.1.2023 до 16.1.2023 година, да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следните денови.

За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој ЛИНК, a прашања може да се поставуваат и на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.